Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп поставува табли пред Музејот за историја: „Изложбите не се баш точни“

25 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Трамп нареди пред Националниот музеј на американската историја на Смитсонијан во Вашингтон да се постават табли со предупредувања дека дел од музејските изложби „не се точни“. Таблите ќе ги упатуваат посетителите кон алтернативни извори за историјата на САД.  Трамп повика на создавање алтернативна „независна“ привремена изложба, во која би биле поправени историските податоци кои администрацијата ги смета за неточни.
  • Смитсонијан 180 години функционира како независно тело и не е под директна власт на федералната администрација. Затоа, Службата за национални паркови ќе постави предупредувачки знаци на пешачките патеки околу музејот.
  • На 250-годишнината од формирањето на САД, Белата куќа објави извештај во кој го обвини историскиот музеј на Смитсонијан за „идеолошко заробување“ и за „промовирање социјален активизам наместо патриотизам“. Наведува дека музејот не им оддава соодветна чест на 56-те потписници на Декларацијата за независност, туку се фокусира на ропството, угнетувањето и нееднаквоста.
  • Директорката Антеа Хартиг, на сослушување пред Конгресот ја бранеше автономноста на музејот и истакна дека „прикажувањето на историјата во целата нејзина комплексност е чин на длабока почит кон националната приказна“.
  • Хартиг беше особено критикувана за две неодамнешни изложби: за „Entertainment Nation“, која содржеше експлицитни сексуални прикази, и за „Girlhood (It’s complicated)“ за предизвиците поврзани со родовиот идентитет кај младите жени.
извор

Во Британија се апсат 34 луѓе дневно за нешто што кажале или напишале

11 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
  • Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации. 
  • Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
  • Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.
извор

Роботи протестираа во Полска: Сакаме закон, сакаме правила!

11 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 30 роботи протестираа пред полското министерство за дигитални прашања, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција и роботизацијата.
  • Организаторите, кои се луѓе, велат дека е потребна поголема јавна дебата за влијанието на новите технологии врз пазарот на трудот.
  • Министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски се сретнал со демонстрантите (?), им кажал дека неговиот оддел работи на потребните регулативи. Еден од организаторите рече дека плановите што моментално ги дискутира парламентот содржат недоволна заштита за работниците.

  

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
2

Ангели - Демони 3:0

3

Run, Xhever Imeri, run!

4

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
5

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Разно
6

Шахтата поправена

Македонштина
7

За ова ли потрошивте милијарда?

Фудбал
8

Гушнат поп, мирно село

Разно
1

Ангели - Демони 3:0

2

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
3

Run, Xhever Imeri, run!

4

На лагата ѝ е портокалова косата

Свет
5

Хутите го стегнаа обрачот околу стратегискиот проток Баб ел Мандеб

6

Мадрид им дава шпанско државјанство на уште 200.000 Африканци

Свет
7

Војната против тероризмот остана, се сменија терористите

Свет
8

Мицкоски: Џабе затвораме кога има судии кои ги слушаат наредбите од газдата

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина

Ризикувајте, еднаш се живее

Балканштина

Нашиот омилен фитнес инфлуенсер

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Знаци дека сте навлечени на книги

Боб Марли: Како се сака жена

Што е тоа „полуинтелектуалец“?

Џокер „повикај логика“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy