- Доналд Трамп побара од Иран да се предаде без да поставува услови, непосредно откако иранскиот претседател објави дека имало обиди од некои земји да посредуваат за крај на војната.
- „Нема да има договор со Иран освен безусловна капитулација! Потоа, и по изборот на велик и прифатлив лидер, ние и многу од нашите прекрасни и многу храбри сојузници и партнери, неуморно ќе работиме за да го вратиме Иран назад од работ на уништувањето и ќе го направиме економски поголем, подобар и посилен од кога било порано“, порача Трамп на својата социјална мрежа.
- Трамп претходно во интервју за Ројтерс изјави дека бара лично да „помогне“ во изборот на нов врховен лидер на Иран, на местото на ајатолахот Али Хамнеи, кого САД го убија со првите проектили истрелани во војната.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.