- Доналд Трамп во говорот за состојбата на Унијата издвои цел час за фалење на економските успеси на неговата администрација. „Нашата нација се врати - поголема, подобра, попросперитетна и посилна од кога било досега. Ова е златното доба на Америка!“.
- Десетици демократски конгресмени го бојкотираа обраќањето, а Ал Грин, беше отстранет од салата на Сенатот откако истакна парола: „Црнците не се мајмуни“.
- Трамп ја критикуваше имиграциската политика на претходната демократска администрација. Истакна дека „градовите-засолништа ја блокираат депортацијата на криминалци и штитат нарко-босови и убијци“.
- Во рекордното обраќање од 108 минути речиси да не ја спомна војната во Украина, но отворено му се закани на Иран: „Претпочитам да го решам овој проблем преку дипломатски канали, но едно е сигурно: никогаш нема да дозволам најголемиот поддржувач на тероризмот во светот да поседува нуклеарно оружје.
- Додека земјата се справува со длабока економска промена, Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
- Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
- „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
- Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди.
- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.