- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.