- Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја повлекува поканата за Канада да се приклучи на неговиот новоформиран глобален Одбор за мир.
- Канадскиот премиер Марк Карни претходно најави дека неговата земја ќе се приклучи на Одборот, но нема намера да ја плати членарината од 1 милијарда долари за постојано членство.
- Карни го вознемири Трамп со својот говор во Давос, во кој ги повика „средните“ да се здружат против економски принуда од „поголемите“, иако не го спомена американскиот претседател по име.
- Еден ден подоцна, Трамп побара од Карни да биде поблагодарен: „Канада живее поради САД. Запомни го тоа, Марк, следниот пат кога ќе даваш изјави“.
- Карни од Квебек му возврати: „Канада не живее поради САД. Канада напредува затоа што сме Канаѓани“.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.