Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ја отпушти министерката за внатрешни работи Ноем

6 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Доналд Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, откако на сослушување пред комисии на Претставничкиот дом и Сенатот таа беше обвинета за расипнички трошоци.
  • Таа ќе биде префрлена на позицијата специјален пратеник на Штитот на Америка – нова стратешка безбедносна иницијатива што ќе се фокусира на Западната хемисфера. За министер за внатрешни работи е номиниран Марквејн Малин, сенатор од Оклахома.
  • Ноем го доби прекарот Ајс Барби, затоа што редовно позираше во борбени пози при акциите на министерството за приведување и депортација на илегални имигранти. Сенаторот Том Тилис ја обвини за убиството на двајца американски државјани при акциите на службите за имиграција. Ноем одговори дека жртвите – Никол Гуд и Алекс Прети, биле „домашни терористи“.
  • Пред комитетите на Конгресот таа одговараше на незгодни прашања за рекламната кампања од 220 милиони долари, финансирана од Министерството, во која таа галопира на коњ помеѓу стадо бизони. Трамп изјави дека не ја одобрил рекламата. 
  • Таа беше обвинета и дека со пари од фондот за депортации купила два луксузни мали авиони и изнајмила боинг 737 опремен со спална соба и бар. На авионите потрошила 270 милиони долари.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Граѓански преписки

Симонидо, пуста Симонидо

Повторувањето не е мајка на „Северна Македонија“

Да живее другарот Сталин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy