Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис
19 декември 2024
Во липковскиот регион во близина на селото Лојане, до 1979 година работеше рудник за арсен, антимот и рудник за хром, чии концентрати се продаваа и се извезуваа. Тогаш е утврдено дека тие концентрати се многу токсични и не можат веќе да се транспортираат, не се извезуваше и рудникот беше затворен.
Остана непродаден арсенов концентрат од околу 15 илјади тони. Оставен на отворено и ден денес стои така.
Во Лојане над патот стои огромната депонија од материјал во којшто се гледаат арсеновите и антимоновите минерали, која е на стотина метри од основното училиште „Рилиндја“. Направените студии и анализи покажале дека таму е загаден воздухот, загадени се подземните води, почвите, храната.