- Во топ 10-те во кои платите се движат од 2.000 до 10.000 евра, има познати компaнии но и анонимки како „Авто испитен центар“ и изненадувања како што е РК Вардар.
- Иако се со најголеми просечни плати, финансиски не ја поминале сјајно минатата годината па првите две, во кои се и најголемите просечни плати, биле во загуба.
- Просекот на платите може да покаже каде работниците земаат најголеми плати, но можно е тие ништо да не виделе од големите износи, а целиот просек да биде кренат поради една плата на газдата.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.