- Епл го именуваше Џон Тернус за свој нов извршен директор, на местото на Тим Кук, кој најави дека на први септември ќе се повлече, после 15 години на чело на технолошкиот гигант.
- Тернус е човек кој 25 години има работено во Епл а го предводеше хардверското инженерство.
- Кога ја презеде компанијата од нејзиниот култен основач, Стив Џобс, Тим Кук го викаа лузер и му предвидуваа дека нема да се справи со товарот на легендата.
- Сепак, тој на вредноста на компанијата ѝ додаде 3.000 милијарди, повеќе од Џобс. Денес истите тие од погоре викаат дека Кук е учебнички пример за успех на некој кој не бил основач на компанија.
- Денес Епл е горе-долу израмнет со Гугл по пазарна вредност. Знаете кој го води Гугл повеќе од една деценија? Сундар Пичаи, не-основач.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.