Тесла спушти цени на колите
13 јануари 2023
- Компанијата на Илоин Маск на американскиот пазар излезе со нови, спуштени цени за популарните Model Y и Model 3, заедно со Model X sport и Model S луксузните седани.
- Цените на овие автомобили се спуштени за сопствениците да можат да се квалификуваат за федералните субвенциии од 7.500 долари.
- Компанијата признава дека има сериозен проблем со побарувачката а вредноста на акциите лани паднаа за 65%. Новите цени секако ќе ја подобрат ситуацијата со побарувачката но нема да е добро ако Маск влезе во ценовна војна, особено со Кинезите.
- Модел Ипсилон кој ќе биде нарачан денес, може да е и над 20.000 долари поевтин од истиот модел нарачан вчера, под услов да ви го испорачаат до средината на март кога субвенциите ќе паднат на 3.500 долари.