Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Тешка но заслужена шлаканица за судијата Илија Трпков

4 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Скопскиот Апелационен суд ја укина пресудата за лицата обвинети дека се организатори на настаните во Собранието на 27 април – Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
  • Беше крајно време некој јавно да ги опомене судиите за суштествените повреди во кривичните постапки и за намерните или ненамерните пропусти при утврдувањето на битните факти за кривичните дела што обвинителите им ги ставаат на товар на обвинетите.
  • Ќе ни објасни ли судијата Трпков кој го натерал да стори суштествени повреди на кривичната постапка? И кој го спречил правилно да го примени материјалното право? Не му е ова прва пресуда што му паѓа на Апелација! Да потсетувам ли на „Ровер“?, прашува Бранко Героски.

  • На Трпков му се случи нешто уште потрагично. Во предметот „Плацеви на Водно“, одлучувајќи после него, скопска Апелација донесе мериторна одлука. Овој пат апелационите судии не му го вратија предметот на повторно судење, туку самите донесоа пресуда. Не е ли тоа уште поголем срам за судија што пресудил во прв степен?

извор

Чеченците за Кадиров 99,85%

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Рамзан Кадиров, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, е реизбран за петти мандат како лидер на јужниот регион Чеченија, со 99,85% од гласовите, соопшти руската изборна комисија.
  • Имал двајца противкандидати, кои добиле по 0,05% од гласовите.
  • Кадиров го подобри резултатот од 2021 година, кога освои 99,73%.
  • Немаше изненадувања ни на изборите за пратеници за руската Државна Дума, први откако почна војната во Украина. Партијата Обединета Русија на Путин освои рекордни 355 од вкупно 450 мандати, Комунистичката партија освои 40 пратеници, а националистите од ЛДПР 25.
  • Путин го претстави гласањето како „тест за јавната поддршка за специјалната операција“ во Украина, но повеќето политичари кои отворено се спротивставуваа на војната беа спречени да се кандидираат. На либералната партија „Јаблоко“ не ѝ беше дозволено да истакне листа на национално ниво.
  • Русија спроведе избори и на Крим, кој го анектираше во 2014 година, како и во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луханск, Запорожје и Херсон. Украина ги прогласи изборите таму за незаконски. Европската Унија исто така објави дека нема да го признае гласањето на окупираните територии ниту резултатите.
извор

Италија сака да забрани бурки и никаб во училиштата

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави планови за забрана на облека што го покрива лицето, како што се бурка и никаб, во училиштата, за ограничување на бројот на странски ученици во паралелки и обврска за родители на странски ученици да го научат италијанскиот јазик.
  • „Италијанските училишта треба да останат места каде што учениците можат да комуницираат, да учествуваат и да се интегрираат во општеството, изјави Мелони пред младинското крило на нејзината партија Браќа на Италија.
  • Франција, Белгија, Данска и Австрија имаат ограничувања за облека што го покрива лицето, а Швајцарија лани воведе национална забрана.
  • Мелони ги претстави мерките како прашање на слобода и еднаквост на жените. Истакна дека ниту една традиција не смее да се користи за да се принуди млада жена да го крие своето лице. Предлогот не се однесува на марамите и хиџабот, кои не го покриваат лицето.
  • Законското ограничување на бројот на странски ученици во иста паралелка е насочено кон интеграцијата. „Ако само мал број ученици имаат тешкотии со зборувањето италијански, наставниците и соучениците можат да им помогнат“, објаснува Мелони. Во училиштата низ Италија денес има 11,6% деца кои не се италијански државјани.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија повторно се обединува

Балканштина
2

Балканско вуду: Проклетија

Балканштина
3

На Скопје некогаш толку малку му треба

Разно
4

Погодете што сега сака да преименува Трамп

5

Мерц одбива да го прифати крајот

Свет
6

Престон Лајонс има ново засилување кое ни е глупо да го напишеме во наслов

Фудбал
7

Победа за АфД, катастрофа за Мерц на покраинските избори

8

Да си знаат

Македонштина
1

Погодете што сега сака да преименува Трамп

2

Мерц одбива да го прифати крајот

Свет
3

Победа за АфД, катастрофа за Мерц на покраинските избори

4

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
5

Чеченците за Кадиров 99,85%

6

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

7

Јапонците престанаа да растат

Занимливости
8

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кабриолет и здрави синуси

Ким Вајлд во Сопот

Колку е лесно да измамиш луѓе со "здрава храна"

Vladimir, One of Us!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy