- Деновиве во Косово се дознава дека шефицата на пратеничката група на Самопределување, Мимоза Кусари-Лила, имала телефонски разговори со пратеници и функционери од Српска листа.
- По тој повод говорницата во парламентот беше облепена со транспаренти на кои пишува „Здраво“ алудирајќи на начинот на кој Кусари-Лила се поздравила со српските соговорници.
- Претставата продолжува од тука:
- Федерален судија во САД ја објави белешката за која се тврди дека како проштална порака своерачно ја напишал Џефри Епстин неколку недели пред да биде пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк пред седум години.
- „Ме испитуваа со месеци – не најдоа ништо! Уживање е да можеш да избереш време за збогување... Не е забавно, не вреди!“, е запишано ракописно во белешката, чија автентичност ниту е потврдена ниту е негирана.
- Белешката ја објавил судијата Кенет Карас по барање од весникот Њујорк тајмс, кој објави дека постои таков документ во судската архива во случајот на Николас Тартаљоне, цимерот на Епстин од ќелијата. Поранешниот полицаец Тартаљоне е осуден на четири последователни доживотни затворски казни поради четирикратно убиство во 2016 година.
- Тој ја открил пораката во јули 2019 година, по наводниот обид за самоубиство на Епстин, кога беше пронајден со траги на вратот. Неколку недели подоцна Епстин беше пронајден мртов во ќелијата. Како официјална причина за смртта е наведено самоубиство.
- Тартаљоне им ја предал белешката на своите адвокати, за да му послужи како одбрана од евентуални обвинувања дека го убил цимерот.
- Белата куќа верува дека во следните 48 часа може со Иран да склучи „Меморандум за разбирање“ – документ од само една страница со кој војната би била прогласена за завршена и би била поставена рамка за понатамошни подетални преговори за нуклеарната програма на Техеран. Преговорите би се одржале во Исламабад или во Женева.
- Меморандумот има 14 точки. Двете страни би се обврзале да ја укинат блокадата на транзитот низ Ормускиот теснец во период од 30 дена.
- Иран би прогласил мораториум на збогатување ураниум во период што не е усогласен. Техеран предложил 5 години, а САД барале 20. Се очекува да се усогласат на 12 до 15 години. Од Иран се бара да прифати и засилен режим на инспекции на нуклеарните објекти, вклучително и ненајавени, од технички експерти на Обединетите нации.
- САД, како дел од Меморандумот за разбирање, ќе се обврзат на постепено укинување на санкциите наметнати врз Иран и постепено ослободување на милијарди долари ирански средства кои се замрзнати низ целиот свет.
- И претходно имаше оптимистички изјави дека САД и Иран се близу до договор, но напорите пропаднаа поради огромни разлики во ставовите. Анонимни пакистански посредници тврдат за Аксиос дека овој пат двете страни се најблизу до договор откако почна војната.
- Веднаш по објавувањето на веста на Аксиос, цената на нафтата се спушти за 8% на околу 100 долари за барел.