- Европските лидери сè посериозно размислуваат за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин, нешто што до вчера се сметаше за богохулие во воинствените кругови на ЕУ.
- Сè повеќе политичари во Европската Унија веруваат дека разговорите со Москва не треба да бидат исклучиво во рацете на Соединетите Американски Држави, пишува колумнистот на „Фајненшл тајмс“, Гидеон Рахман.
- Рахман наведува дека во евентуалните преговори, Европа би можела да му понуди на Путин две можни решенија за завршување на војната.
- Првото би подразбирало замрзнување на конфликтот на постојните позиции, со гаранција дека Украина нема да стане членка на НАТО.
- Друга можност би била целиот Донбас да се предаде на руска контрола, по што за Украина би се отворил патот кон членство во НАТО.
- Сајтови на владини агенции низ Европа вчера привремено беа исклучени од интернет додека не се закрпат големи безбедносни пропусти во кодот на глобалната мрежа. Проблемот се решава со инсталирање на четири надградби.
- Алатки со вештачка интелигенција откриле две критични ранливости во програмскиот јазик PHP, кој се користи во речиси 70% од сите веб-страници.
- Кога некој посетител ќе отвори страница, серверот кој работи на PHP ја составува содржината и ја испраќа до прелистувачот. Софтверот е бесплатен и со отворен код, одржуван од волонтери.
- Пропустите овозможувале преземање контрола врз ранливи сервери без потреба од лозинка. Постоеле речиси 20 години, но се верува дека не биле злоупотребени, бидејќи постапката за хакирање е исклучително сложена.
- Дефектите биле забележани уште на 1 август и во изминатите два и пол месеци се работело на изнаоѓање решение. Во овој период имало обиди за хакирање сервери.