Таравари е за со опозиција, Лога за сами
-
Арбен Таравари повика Алијанса да оди на изборите заедно со здружената албанска опозиција.
-
„Граѓанинот бара промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Македонија, напиша Таравари.
-
„Во сила е одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е Алијансата на Албанците да излезе сама на парламентарни избори“, контрираше генералниот секретар на партијата, Кренар Лога.