- Поранешниот државен секретар на САД е во Тирана за да се види со претставниците на иранската опозиција.
- Таму има средба и со лидерот на парламентарната група на владејачката Социјалистичка партија.
- За да не оди фира посетата, Помпео е прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот на Тирана.
- Помпео е доктор по право на Харвард.
- Данска првпат во својата историја ќе купи офанзивно долгострелно прецизно оружје, иако не е директно загрозена од ниту една земја.
- „Воздушната одбрана не е доволно цврста и мора да се надгради за да гаѓа цели на голема далечина и да се бори против заканите од непријателски проектили“, изјави премиерката Мете Фредериксен.
- Таа потврди дека моментално нема никаква конкретна закана за нејзината земја, но додаде: „Нема сомневање дека Русија ќе биде закана за Данска и за Европа во годините што доаѓаат“.
- Министерот за одбрана Троелс Поулсен не кажа колку точно Данска ќе потроши на долгострелно оружје и какви системи ќе купи. Според весникот Берлингске, најочигледните опции се проектилите „страјк“ за данските ловци „ф-35“ или норвешките JSM.
- Членката на НАТО пред една недела објави дека ќе потроши 9,2 милијарди долари на противвоздушни системи произведени во Европа. Тоа е најголемата одбранбена инвестиција во историјата на Данска.
- На 26 јануари годинава во велешката полиција го пријавила дека ја вознемирувал на улица додека шетала куче.
- На 21 февруари пријавила дека во школски двор била нападната од дечкото со кого претходно била во врска.
- На 4 март тој бил лишен од слобода по претходна пријава дека физички ја нападнал неа и друг дечко.
- На 18 мај пријавила дека на неколку локации во Велес, испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и дека во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа. Побарала да биде предупреден, тој негирал дека има врска со тоа.
- На 18 мај запалено е возилото на нејзиниот татко кое претходно било украдено.
- На 19 јуни повикана е во полиција во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нив две.
- Во јули го пријавила дека не ја почитува забраната за приближување.
- Целата листа на пријави ја донесува Вечер.