- Судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, дипломиран во шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, се пријавил на тогашниот оглас со оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.
- Ферати си поправил три оценки.
- „Оценките биле пречкртани и поправени во повисоки, а притоа немало ни барања за преполагање на испити, ни пријави, ниту пак докази за преположување на трите испита. Државниот просветен инспекторат веднаш го извести надлежното Јавно обвинителство“, кажа на денешната седница претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
- Еднократните уреди за пушење/испарување кои се појавија пред само неколку години, со уредба на ЕУ, ќе бидат забранети кон крајот на 2026 година.
- Забраната првенствено е насочена кон заштита младите но и на животната средина. Електронските цигари за еднократна употреба содржат мали батерии со вредни суровини како што се литиум или кобалт, и тие обично завршуваат во ѓубре, наместо правилно да се рециклираат. Претставуваат и опасност од пожар.
- На најголемиот светски саем за тутун, Интертабак во Дортмунд кој се одржуваше деновиве, од вкупно 800 штандови, 300 нуделе нови производи.
- Во понудата биле над 600 различни вкусови – од нане и боровинки, па сè до чизкејк.
- Постојат дури и е-цигари со вградени екрани и гејминг функционалности.
- И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што - едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
- Корумпираното обвинителство и судство не отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Георгиев и Мемети влијаеле, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наќе Георгиев и за Иџет Мемети досудиле поблага казна? Тие уште судат и правоораздаваат, потсетува таа.