- „Студентските протести во Србија не стивнуваат. Претседателот Александар Вучиќ се чини раздрман, влезе во дефанзива. Насилството не е опција за него - само трпение.
- Опозицијата веќе слави: Готов е!
- „Сепак, ситуацијата за Вучиќ не е толку безнадежна како што ја претставува опозицијата“, пишува германскиот аналитичар Михаел Мартенс во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
- Истражување на Ипсос покажува дека иако Вучиќ се соочува со најголемото противење откако во 2017-та беше избран за претседател, тој и натаму има поддршка од значаен дел од населението.
- Посебно интересна е групата постари од 60 години кои се речиси 30% од вкупното население, 36% од електоратот и околу 40% од оние кои всушност гласаат редовно „Невозможно е успешно да се води политика против оваа група во Србија“. вели Мартенс. „Овој дел од населението има најголема доверба во Вучиќ, а не во студентите“.
- Индиски суд им изрече смртна казна на девет полицајци за смртта на татко и син во притвор за време на пандемијата, со што се затвори случајот што предизвика национален гнев.
- 58-годишен трговец и неговиот 31 годишен син починале неколку дена откако беа приведени за време на ковид карантинот. Беа обвинети од полицијата дека ја држеле својата продавница за мобилни телефони отворена над дозволеното работно време.
- Полицајците ги мачеле таткото и синот „за да ги научат на лекција“ како да се однесуваат со полицијата. Биле соблечени голи и тепани додека не испуштиле душа. Потоа пробале да го прикријат делото.
- Последен пат беа бесени луѓе во Индија пред 6 години, за групно силување и убиство на млада жена.
- На денот кога САД и Иран прогласија двонеделно примирје, Израел изврши досега најжестоки напади врз Либан – загинаа најмалку 254 луѓе и 837 беа ранети. Израелските сили бомбардирале повеќе од 100 цели на Хезболах во Бејрут и во јужен Либан.
- „Размерот на нападите е ужасен. Овој масакр, во рок од неколку часа по согласувањето за прекин на огнот со Иран, е неверојатен. Ова е огромен притисок врз кревкиот мир, кој им е толку очајно потребен на цивилите“, изјави шефот на ОН за човекови права, Фолкер Турк.
- Техеран предупреди дека ќе се повлече од договорот ако продолжат израелските напади врз Либан.
- Израел тврди дека примирјето не се однесува за Либан, спротивно на соопштението од Пакистан, кој посредуваше во преговорите помеѓу САД и Иран и прв го објави договорот. Трамп првично не коментираше, но подоцна изјави дека израелските акции во Либан се „одделен конфликт“.
- Либан е единствената земја од регионот што не истрелала ниту еден куршум во војната, а трпи огромна штета. Повеќе од 1,1 милион луѓе се насилно раселени, и многумина живеат на улица. До завчера, според либанското Министерство за здравство, од израелските бомбардирања загинале повеќе од 1.530 луѓе, а 4.812 биле ранети.