Странска инвестиција во ветерници тешка половина милијарда евра
25 јуни 2024
- Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.
- Изградбата се очекува да започне во втората половина на 2025 година, странската инвестиција е на „Алказар Енерџи“, вредна е над 500 милиони долари и се очекува да отвори нови 630 работни места.
-
Ветерниот парк ќе произведува електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.