Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стотина македонски научници порачуваат: No Pasaran!

19 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Повеќе од сто македонски научници и истражувачи со индигација ги отфрлаат Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и ги сметаат за псевдонаучни:

    – „Препораките…“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено – за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

    – „Препораките…“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност

    – Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско – македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

    – Под привид на реципроцитет, „Препораките…“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

    – Во овие „Препораки…“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

    – „Препораките…“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

    – Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките…“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

    – Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум – од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

    – Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.
  • Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија…“

  • Потписници:

акад. Катица Ќулавкова

акад. Љупчо Коцарев

акад. Ѓорги Поп Атанасов

акад. Зузана Тополињска

акад. Витомир Митевски

акад. Марјан Марковиќ

акад. Митко Манџуков

акад. Леонид Грчев

проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ

проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје

проф. емеритус Горан Калоѓера, дописен член на МАНУ

проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет

проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. Д-р Антонио Јакимовски, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп

д-р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја

проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја

проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја

проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја

проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја

проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја

проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја

проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја

проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја

проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја

проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја

проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја

проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја

проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја

проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја

проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет

проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет “Јустинијан Први”, УКИМ

д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје, УКИМ

д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје

проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје

проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ

д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ

проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип

проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип

д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков”,

д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, УКИМ

д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература

проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик

д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје

проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип

проф. д-р Мимоза Серафимова, УГД, Штип

проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип

д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија

м-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство

проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје

проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ

проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип

проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово

проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО

проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ

проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ

доц. д-р Соња Николова, историчар

д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Р. Македонија

д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија

проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада

д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет

поф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград

проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада

проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет – Делфт, Холандија

д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија

проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија

проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности

проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности

д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн

д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска

д-р Марјан Патлиџанковски

д-р Зоран Богоевски, историчар

д-р Ицо Најдовски, историчар

м-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија

м-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија

м-р Филип Марковски, историчар

м-р Игорче Дунимаглоски, историчар

Јулија Митревска, историчар

Слободан Ников, историчар

Кирил Јордановски, историчар

Филип Аџиевски, историчар

Васко Гичевски, историчар

 

извор

Претседателот на Парагвај од домашен притвор префрлен во воена база

7 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
  • Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
  • Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.

  • Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
  • Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.

  • Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.

 

извор

Хрватот кој ги советуваше српските студенти поднесе оставка

7 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
  • По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
  • Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Стручњакот на годината е од Гостивар

Кец у два
2

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Медиуми
3

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
4

Печење ракија, трет ден

Балканштина
5

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Мешано
6

Не знае дека ја нашол правата

Балканштина
7

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
8

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Македонштина
1

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
2

Хрватот кој ги советуваше српските студенти поднесе оставка

3

Сајбертракот на Тесла влегува во ќорсокак

4

Претседателот на Парагвај од домашен притвор префрлен во воена база

5

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Свет
6

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

7

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Животни
8

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Балканштина

Печење ракија, трет ден

Медиуми

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Балканштина

Не знае дека ја нашол правата

Медиуми

Еуфемизам на денот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Прирачник за запишување на факс

Па што, да не не боли толку?

Сајт за опуштање

Побогу, Боки, врати се по старо

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy