- Се сеќавате на една колешка од Правен што повикуваше на социјалните мрежи за гласање за промена на името на референдумот, затоа што промената на името била глас за „Илон Маск, за интервенции во ДНК, за лек за рак“ и слично!? (А излезе дека тоа било само повик да се вгнезди во некојаси Комисија за надгледување на спроведувањето на Преспанскиот договор, за доста добар хонорар.)
- Ете, тоа е сигурен знак на самопрезир: светот, „Европа“, „Западот“ се она прогресивното, напредното, а ние назадното, заостанатото, регресивното. И да станете напредни, не е доволно да стремите таму, ами и да се презирате себеси, сопствената култура, сопствените традиции, сопствените прерогативи на таа самосвојност. Па, затоа не ви е важно ни име, ни презиме, ни знаме ни грб, ни химна… сето тоа е назадно и регресивно! И затоа лесно можете да дадете и продадете сè, само да се најдете во друштвото на напредните.
- Во тој самопрезир, оној што презира, секогаш се става над тие што ги презира. Тој презира така што се исклучува од презираните.
- Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
- „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
- Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
- „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
- Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
- Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
- Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз.
- Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
- Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.