- 65 годишната Бетси Аракава починала од хантавирус, ретко и опасно пулмонарно заболување кое се добива од заразени глодари.
- Една недела подоцна починал и 95 годишниот Џин Хекман од кардиоваскуарни проблеми, засилени со Алцхајмер во поодмината фаза.
- Брачната двојка и едно од нивните кучиња, беа најдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, на на 26 февруари 2025.
- Последен пат од дома Хекман излегол на 11 февруари кога бил на пазар и аптека. Податоците од неговиот пејсмејкер велат дека починал на 18-ти. Поради Алцхајмеровата болест, можно е и да не бил свесен за смртта на сопругата со која се венчаа во 1991 година, кога тој имаше 61 а таа 31 година.
- Европската Унија е во завршна фаза на дизајнирањето на нејзиниот досега најобемен пакет санкции против Русија, насочен кон енергетски компании и шест руски банки.
- Се дознава дека во новиот пакет, ограничувањата ќе се прошират на руските мрежи за плаќање и кредитни картички, берзите за криптовалути и ќе воведат построги ограничувања за извозот на нафта во земјата.
- Мерките претставуваат значително заострување на напорите на ЕУ, во координација со Вашингтон, да ја осакати руската економија и да ја намали поддршката за претседателот Владимир Путин.
- Наспроти претходните 18 рунди санкции, руската воена економија успева да расте со повеќе од солидни стапки: 4,1% и 4,3% во 2023 и 2024-та.
- Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски од свеченоста по повод Денот на независноста.
- Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење – рече Мицкоски.
- Премиерот кажа дека сите материјали се предадени во обвинителството и дека и покрај сомнежите во нивните капацитети и ниската доверба во нив, овој случај ќе го следат одблиску.
- Само да знаат – оваа работа нема да се стави под тепих. Ова е прашање на опстојување на државата– порача Мицкоски.