Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

„Снежана на крајот умира“ требаше да биде наш кандидат за „Оскар“

12 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Филмот на Кристијан Ристески кој имаше светска премиера на 28. независен филмски фестивал „Слемденс“, европска премиера во Москва, а започна и неговата светска продажба, носи таква оригиналност и автентичност, остроумност и искреност, умешност и откаченост кои во нашата земја ги препозна публиката, но не и т.н. комисии правени со години од еден „центар“, пишува Сунчица Уневска.
  • Снежана на крајот умира“ навистина се издвојува од тоа што моментно го имаме (и го видовме), но и многу повеќе од тоа. Ова, дефинитивно, е еден од пооригиналните македонски филмови последниве години, филм кој донесе нешто поинакво, кој доста смело ја гради својата структура, кој успева да направи апсурдна комедија во која нема празни одови, напротив, со еден збор, има и знае што да каже.
  • Не случајно, овој филм беше одбран меѓу 8.100 филма на фестивалот на независни остварувања „Слемденс“, кој исто како и „Санденс“ има рејтинг на фестивал кој умее да открие значајни имиња и филмски автори.
  • За жал, кај нас лекциите тешко се учат, а уште повеќе во (филмска) атмосфера заробена самата од себе.
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
5

Зденка цела да е

Македонштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не им трубете на стари луѓе

Шабански подмладок

Чекајќи го Гнуто

Концентрат за клетви

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy