Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Смотрич со нова населба сака да ја закопа идејата за палестинска држава

14 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави изградба на нова населба со 3.401 дом за еврејски доселеници, која практично ќе ја отсече врската помеѓу палестинските територии Источен Ерусалим и Западен Брег.
  • Палестинската управа го осуди планот како нелегален, со цел да се фрагментира територијата на Палестинците и да се спречат нивните долгогодишни напори да воспостават своја држава.
  • „На сите во светот што сакаат да ја признаат Палестина, ова е нашиот одговор на терен. Не со документи, одлуки или соопштенија, туку со цврсти факти. Со куќи, со населби“, изјави Смотрич во Маале Адумим, локацијата на која ќе биде изградена населбата Е1.
  • Конструкцијата на Е1 почна во 2012 година и беше обновена во 2020 година, но беше запрена по инсистирање од САД и европските земји, кои ја оценија како закана за каков било мировен договор со Палестинците.
  • Денес реагираше само група за човекови права на поранешни израелски војници: „Грабањето земја и проширувањето на населбите не само што ќе ја фрагментира палестинската територија, туку и ќе го утврди апартхејдот“.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Почина цајканот од сељаците

Музика
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Музеј на современи вазали

Македонштина
6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Наполи има нов тренер

8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Важна информација за битолчани

5

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

8

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не е виц на денот

Каде, јеби га, да останат? И каде, уште појебига, да бегаат?

Најубавите љубовни писма на сите времиња

Зошто инвестирав со словенечка вотка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy