- Во српска лабораторија биле испитани вкупно 18 вина кои можат да се купат на тој пазар а во најголем дел се од увоз од Македонија, Италија, Шпанија, Унгарија и Франција.
- Дури 13 паднале на испитот на автентичноста, меѓу кои и македонско.
- Проучената Смедеревка на Тиквеш паднала на тестот затоа што е утврдено присуство на етанол од поинакво ботаничко потекло (шеќерна репка, ориз, јачмен, пченица) а додавана е и вода.
- Целото истражување на линкот подолу.
- Американските маринци испратени како зајакнување на силите за безбедност во Лос Анџелес првпат го искористија мандатот да приведат цивил.
- Поради нарушување на забранета зона бил приведен Маркос Леао, 27-годишен воен ветеран со потекло од Ангола, кој добил американско државјанство служејќи во Армијата. Го третирале добро, го предале на цивилна служба и го пуштиле.
- Маринците и резервистите од Националната гарда ќе имаат долг и тежок ден во Калифорнија. Само во Лос Анџелес за вечерва се најавени 15 масовни собири, од вкупно 1.800 контрапротести низ целата земја во исто време со големата воена парада во Вашингтон на 250-годишнината од формирањето на Армијата на САД.
- Парадата и контрапротестите се поклопуваат со 79-от роденден на Доналд Трамп.
- Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека е одложена конференцијата на ниво на Обединетите нации, на која најави колективно признавање на Палестина како држава. Требаше да се одржи во Генералното собрание на ОН од 17 до 20 јуни.
- Иницијативата не е откажана, но не може да се одржи сега, поради новата војна помеѓу Израел и Иран.
- Макрон истакна дека целта на конференцијата е признавање на демилитаризирана независна палестинска држава без Хамас во раководството и воедно гарантирање безбедност на Израел.
- Досега 145 од 193 членки на Обединетите нации ги признаваат Палестинските територии за независна држава.