Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Скопје преплавено од диви таксисти

29 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално.
  • Поради преголемиот број на повици кон легалните такси компании тие не се во можност да им излезат во пресрет на граѓаните кои се принудени да ги користат овие нелиценцирани такси возила.
  • Ваквото возење не остава последици па наместо стандардната цена од 150-200 денари граѓаните плаќаат по 400-500 денари.
  • Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека е аларментен бројот на нелегални такси превозници и апелира Град Скопје да преземе брза акција.

извор

Трамп ги брани иранските демонстранти

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • САД се спремни да ги бранат иранските демонстранти ако властите во Техеран употребат оружје за да ги задушат протестите, предупреди претседателот Доналд Трамп. „Опремени сме, натоварени и подготвени да тргнеме“, порача Трамп. Тој не објасни како би реагирале САД, но американските сили лани во јуни се придружија на израелските ракетни напади врз иранските нуклеарни постројки.

  • Масовните протести поттикнати од економската криза и инфлацијата во Иран за четири дена се проширија низ целата земја. Според извештаи на локалната новинска агенција Фарс, полицијата и специјалните сили употребиле сила и огнено оружје за да ги смират демонстрациите и убиле најмалку шест лица. Загинал и еден припадник на Револуционерната гарда.
  • Иранското раководство се соочува со најголем притисок по 2022 година, кога земјата беше парализирана од протестите поврзани со Махса Амини, младата жена што почина во притвор откако беше уапсена поради тоа што не носела шамија. Полицијата тогаш брзо и сурово тргна против демонстрантите, главно студенти што бараа либерализација.
  • Овој пат протестите избувнаа од пазарџиите, кои се важен елемент од економијата, па претседателот Масуд Пезешкијан во помирувачки тон побара преговори со лидерите на демонстрациите. Инфлацијата надмина 40%, а храната поскапе за 72% за една година. Ријалот во декември изгуби 20% од вредноста и на црниот пазар падна на историски минимум од 1,3 милиони за 1 долар.
извор

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров забрзано го спрема својот 18-годишен син Адам за наследник. Му додели нов медал поради „значаен придонес за обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на татковината“.
  • Премиер Магомед Даудов на свечената церемонија го нарече Адам „енергичен и ефикасен лидер способен да решава сложени проблеми со принципиелност и лојалност кон каузата.“

  • Градите на младиот Кадиров ги красат едно чудо медали, доделени од неговиот татко, но и од Москва, а ја има и титулата „Херој на Чеченската Република“. Во Руската книга на рекорди е запишан како најмлад шеф на регионална безбедносна служба.
  • Стариот Кадиров пред една недела итно бил префрлен во болница во Москва поради сериозно влошена здравствена состојба. Локални медиуми тврдат дека лекарите едвај успеале да го реанимираат. По неколку дена тој се појави во јавноста со новогодишна порака до Чеченците.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Изгледа погрешно јадеме бри

2

Не се секирајте, Германија е безбед....

Разно
3

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
4

Овци на плоштад

Забава
5

Бон-тон брзо се учи

Балканштина
6

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
7

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
8

Сокол на двете страни на Шутка

1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
3

Сокол на двете страни на Шутка

4

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

5

ЦИА ги научила Украинците да ја гаѓаат Ахиловата пета на Путин

Свет
6

Мики Рурки, 9½ кирии

7

Почина застреланото двегодишно дете

8

Геј, колку конзервативно тоа звучи

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Упорноста не се исплати

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Добро што немаме Нуклеарна

Не сме сите истрауматизирани од едно фаќање за колено

Поинаква кино димензија

Зошто The Office не е Бени Хил?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy