Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сиротињо, кај стигнеш само мрчиш

17 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • ЕСМ, за потребите на РЕК Битола, да ти склучила 632.000 евра вреден договор со фирмата „Хем алијанс“ за која потпишува извесна Милица Стојановиќ од Неготино.
  • Милица да ти била во брак со Небојша Стојановиќ исто така од Неготино. Небојша не работи во фирмата кај Милица, туку е ангажиран како генерален директор на електраната ТЕЦ Неготино.
  • За дополнително засилување на семејните врски, „Хем алијанс“ од Пепелиште, во чие име потпишува Милица е во сопственост на таткото на Небојша, а госпожата е управител.
  • И пред да почнете да пењавите со тоа митото и корупција, од РЕК Битола порачуваат дека тука нема конфликт на интереси, што го поткрепуваат со фактот дека за тоа била „потпишана дури и изјава“.
  • И? Малку ли ви е изјава?
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
5

Зденка цела да е

Македонштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога Мица беше закон

Студенти од Харвард изгубија на вилица од затвореници

Професорска "лекција"

Бжежински нè напушти, муџахедините ни останаа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy