- Новиот градоначалник на Ѓорче Петров затекнал чкртани ѕидови на примопредавање на функцијата и кабинетот.
- На местото на кое некогаш имало слика бил напишан „графит“ за кој екс градоначалникот рекол дека е негов ракопис.
- Пораката била пишана по поразот во првиот круг на локалните избори и колку што памтиме, ова е првпат некој политичар да добие потреба да чкрта по кабинетот кој треба да го напушти.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.