- Во ред е да чекате да добиете датум, но дали знаете колку луѓе ќе ја напуштат вашата држава кога ќе станете дел од европското семејство? Дали некој бизнисмен се прашал каде ќе најде работници ако добар дел од работоспособното население замине во потрага по подобар живот, праша Кристофер Сандерс, специјален советник во Комората.
- Како очекувате некоја компанија да инвестира во Македонија, кога единствената аспирација ви е да станете членка на ЕУ?
- Според британскиот експерт, она што сега се случува со војната во Израел не е неочекувано, туку беше прашање на време и сериозни планови и стратегии. А таквите стратегии во Македонија се со стар датум и нема нови, забележува тој.
- „Само што сведочевме на извонреден, катастрофален момент во историјата на САД“, ги коментираше резултатите од американски избори главната уредничка на Гардијан, Катерина Винер.
- Од победата на Трамп таа очекува „драматични импликации за војните во Украина и на Блискиот Исток, здравјето на американската демократија, репродуктивните права, нееднаквоста и, можеби најмногу од сè, нашата колективна еколошка иднина“.
- Винер ги повтори зборовите на колумнистката Маргарет Саливан дека Трамп е „јасна закана за новинарите, медиумите и слободата на печатот во САД и ширум светот“ и дека тој „со години поттикнува омраза против новинарите“.
- „Ќе се спротивставиме на овие закани, но за тоа ќе биде потребно храбро, добро финансирано независно новинарство кое не може да зависи од сопственик милијардер кој ќе се плаши од одмазда од насилникот од Белата куќа“, пиша таа.