Шпанската влада најави дека од денеска на полноќ ќе воведе гранични контроли за патници од Италија што доаѓаат со авиони или бродови. Двете земји немаат копнена граница.
Мерката ќе важи до 7 септември, како реципрочен одговор на одлуката на Рим од пред една недела да воведе гранични патроли за лица што доаѓаат од Шпанија, откако 80.000 мигранти од Мароко упаднаа во шпанската енклава Сеута.
Граничните проверки на Италија не важат за шпански државјани, туку за лица што не се од Европската Унија, а доаѓаат од Шпанија. Контролите ќе продолжат барем до 15 август, за кога се очекува нов бран мигранти кон Сеута. Одлуката ќе биде преиспитана само ако се утврди дека нема безбедносни ризици ниту нов бран мигранти.
И Шпанија и Италија се во Шенгенската зона на слободно движење на патници, но привремените гранични контроли не се невообичаени. Италија, на пример, спроведува контроли на границата со Словенија.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.