- Шпанија најавува вонредно масовно доделување легален статус на мигранти кои се таму без потребните документи. Потегот се објаснува како потреба да се понуди правна сигурност во „постоечката општествена реалност“.
- Околу половина милион луѓе би можеле да имаат корист од ова, под услов да биле во Шпанија пред 31 декември 20205, да немаат криминално досие и да можат да докажат најмалку пет месеци непрекинат престој во земјата.
- Со речиси 50 милиони жители, Шпанија е најбрзорастечката голема економија во Европа. Се предвидува дека нејзиниот БДП ќе се зголеми за 2,2% во 2026 година, во споредба со 1,2% за еврозоната како целина.
- Од пандемијата, странските работници регистрирани во системот за социјално осигурување, индикатор за формално вработување, се зголемија за 45% и претставуваат 14% од вкупниот број.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.