- Кристијан Шмит објави дека „поради лични причини“ ја напушта позицијата Висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, на која помина речиси пет години. Ќе остане да ја извршува функцијата додека не биде назначен негов наследник.
- Милорад Додик, долгогодишниот лидер на босанските Срби, оцени дека целиот мандат на Шмит бил нелегален, а неговите одлуки биле „сомнителни“. Додик најави и можни судски постапки за да се утврди материјалната штета што ѝ била нанесена на Република Српска во времето на мандатот на Шмит.
- „Кристијан Шмит ја напушта БиХ онака како што дојде – без легитимитет, без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации и спротивно на меѓународно право“, оцени Додик.
- Карл Билд - првиот висок претставник во БиХ, вели дека по 30 години Канцеларијата ја надживеала својата цел и дека треба да се укине: „Високиот претставник, кој отсекогаш беше напаѓан од Русија, сега е соборен од САД. ЕУ беше слаба и нефокусирана во својот пристап“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.