Секогаш има кој да војува, за оние кои одамна требаше да бидат затворени
15 ноември 2021
- Пак фрка, а? Од ветувања за демократија, слобода, златни виљушки, отворено општество, ете нè пак на чекор до крвопролевање. Се распрададе она што се имаше, населението речиси се преполови, ама власта драга, пак би да војува, пишува Ахмет Буриќ во колумна за Лупига.
- Суштината е јасна: сите тројца предводници на народи во БиХ треба остатокот од животот да го поминат в затвор.
- Како и на почетокот, пак ние ќе испаднеме будали. Зашто и кога сите ќе заминат во Австрија, Германија, Ирска, Чешка, Хрватска, Србија, секогаш ќе има некој да војува. За царевите на башибозукот. На кои им овозможивме сè. Тогаш, имаат и право повторно да не повикуваат во војна. Затоа што, ние веќе стварно немаме каде.