- Нови 350 илјади евра ќе даде Владата да ги убедува граѓаните во предностите на членството во Европската Унија.
- Ќе имало слоган, дизајн на лого, дизајн на билборди...
- Кампањата според договорот треба да трае 45 дена и ќе ја реализира скопската фирма „Вертиго НМЕ“.
- Бујар Османи не знае точно за што се работи.
- Накратко, со наши пари ќе бидеме убедувани да бидеме про-европски раположени и тоа баш од оние на кои ЕУ им кажа дека не се однесуваат про-европски (за злоупотребата на европското знаменце, за корупцијата, за судството...).
- Наспроти ниската стапка на наталитет во речиси сите членки, Европската Унија сега има рекордно висок број жители поради „зголемените миграторни движења“ по пандемијата на ковид во 2021 година, покажуваат најновите статистички податоци.
- „Од 2012 година наваму негативниот природен прираст во ЕУ е помал од позитивната миграција“, наведува Еуростат.
- На почетокот на годинава ЕУ имала 450,4 милиони жители, што е апсолутен рекорд. Тоа е за околу 1 милион повеќе во споредба со 2024 и четврто по ред зголемување од година на година.
- Од 1960 година населението на ЕУ се зголемило за 95,9 милиони, главно поради проширувањето со нови членки.
- Денес најмногу жители има Германија (83,6 милиони), а најмалку Малта (0,6 милиони). Речиси половина од населението е концентрирано во Германија, Франција и Италија.
- После 25 години растење во еден од најјаките музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет.
- Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди.
- На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање.