Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

СДСМ итно се произнесе по едно 'горечко' прашање за Македонија

23 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владејачкиот СДСМ доцна ноќе преку писмено соопштение го осуди палењето на возилото во Чаир кое, како што велат од партијата, го користел вицепремиерот Артан Груби.
  • Во врска со опожареното „ауди“, за кое во полицискиот билтен беше објавено дека е во сопственост на извесен Б.Л., се огласи и првиот вицепремиер Артан Груби, кој не демантираше дека приватно го користел возилото иако тоа се води на име на друго лице. Во реакцијата која ја објави на Фејсбук, Груби вели дека станува збор за негов пријател. Вицепремиерот оценува дека инцидентот е порака до него. 
  • Жанета Трајкоска:

Значи да повториме:

-важно е да имаш комшија ко Груби што има и да ги го даде аудито да му го возиш, оти срамота е да возиш твој автомобил Цитроен Ксара од 1000 евра, јер мора да е јако "ауто" па и да не е твое. А оти Е СРАМОТА да возиш своја кола? Дека поевтина? Или дека фрустрации? Или дека не си го пријавил аудито, а може и уште куп други дребулии ко аудито што се по комшии и роднини?!

-важно е комшијата толку да те сака што ти дава и флешери да си вградиш и да си шеташ низ град со тинунину, оти на Цитроен од 1000 евра глупо е да ставиш флешери нели?!

- важно е да имаш и коалиционен партнер како СДСМ што ревносно ќе реагира за сите твои комшии кога ќе им се случи нешто како овој немил настан. А за комшиите на други обични луѓе ќе реагирате?!

-важно е и да имаш партнер како СДСМ кој секогаш ќе се прави будала и ќе се покрива со пепел за тебе да те брани, па ќе бара да се реши случајот со палењето на колата на комшијата (со сето право, навистина така треба), ама никогаш нема да го постави прашањето каков брат-комшија е овој на Груби што му дава ауди, да не смрди нешто во приказнава?! Неее...секако дека никогаш, па и да си пукаат во глава, СДСМ нема да се осуди и да помисли такво нешто.

- важно е да имаш сериозни пророчки способности ко Груби, па 102 посто да знаеш дека колата на комшијата што тебе ти ја дал да си играш (и што не кошта 1000 евра) е запалена заради тебе, а не заради комшијата на пример?!

- важно е и да не прашаш кој е комшијата што може да му даде ауди играче на Груби и колку има комшијата други вакви аудиа што ги дава по комшии?! Машала и аферим.

- важно е и цела држава заедно со Бујар Османи да е згрозена од палењето на автомобилот на комшијата на Груби, ама никако министерот да не праша зошто вицепремиерот Груби користи возило на својот сосед за партиски и владини средби, зарем толку е фрустриран од својата Ксара и ако ова му е таква фрустрација па мора да користи комшиско ауто, како е бре вицепремиер?! Утре што ќе му земе на комшијата?!

- најважно е сите ние денеска да земеме по 2 чаши нафта на гладно и една чаша коктел "ма немој да ме је*еш жити сФе" пред спиење.

Само напреТ СДСМ.

Гратис прашање: А Груби сега ќе му ја даде Кјаата на комшијата, или овој ќе му даде ново ауди-играче да си вози брмбрм вицепериерот низ Скопје.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Менувам претседател за боксер

„Тоа на М“

Кога не знаеш каде, да ставиш запирка

Боки 13, next generation

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy