Вести › Набрзинка
Речиси 200 убиени во израелските напади на Либан
- Во најсмртоносните израелски напади на територијата на Либан од 2006-та година, досега се знае за 182 загинати и преку 700 повредени.
- Израелските одбранбени сили тврдат дека цел на нападите биле ракети скриени во куќи во јужен Либан, главно во шиитските села кои се сметаат за упориште на Хезболах.
- Имале преку 300 цели за кои преку разузнувачки податоци разбрале дека Хезболах ги планира за лансирање нов напад врз Израел.
- Израелската војска соопшти дека илјадници либански цивили, преку СМС и телефонски повици (60.000) биле предупредени да ги напуштат куќите. Нападите почнале 30 минути подоцна.
Паѓа и перењето пари поради измените во Кривичниот законик
-
За стотина поранешни обвинети функционери, 6 септември 2023 година беше вистински празник. Собранието им изгласа застарување на кривичните дела во судски случаи, за кои над глава им висеа затворски казни. Тоа им го овозможија пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ. Ги изгласаа измените на Кривичниот законик, со кои се декриминализира искористувањето на службената положба.
-
Ако до тогаш делата застаруваа за 40 години, со ланските измени застаруваат за 10. Се намалија и казните за злосторничко здружување и за несовесно работење во службата.
-
Викторија Аврамовска-Мадиќ, поранешната заменичка на министерот за правда, Кренар Лога, уверуваше дека со изменетиот Кривичен законик, судиите ќе судат побрзо, бидејќи роковите за застарување на случаите се пократки. Но, наместо побрзо судење, сведочиме на инстант-застарување. На новинарско прашање како биле скроени измените, Аврамовска-Мадиќ рече дека измените ги пишувала дактилографката „по нејзин налог“.