- Секој трет Италијанец е убеден дека неговата земја директно ќе биде вклучена во војна до крајот на оваа деценија, но само 16% се спремни да ја бранат татковината со оружје, покажува анкета на ЦЕНСИС.
- Во случај на воен судир, 39% од Италијанците на возраст од 18 до 45 години би се декларирал за пацифист, а 19% би се обиделе на други начини да избегнат регрутација. 26% се произвеле за Италија да војуваат платеници од странство.
- Зголемувањето на трошоците за одбрана на 5% од БДП го поддржуваат 25% од Италијанците.
- 11% би сакале Италија да има нуклеарно оружје, како поефикасно средство за одвраќање непријатели.
- Во контекст на актуелните војни, мнозинството се за неутралност на Италија. За војната во Украина 33% се на страната на Киев, а 5% се за Москва. За она на Блискиот Исток, 21% ги поддржуваат Палестинците, а 9% Израел.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.