Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД засилено ќе проверуваат ставови на имигранти за Израел

29 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американската служба за државјанство и имиграција од понеделникот ги засили безбедносните проверки на биографиите, досиејата и објавите на интернет на лицата што аплицирале за престој или имиграција во САД, согласно извршната наредба на претседателот Доналд Трамп од февруари.
  • Њујорк тајмс тврди дека потенцијално дисквалификувачки фактор при аплицирање за зелена карта или натурализација се и критикување на државата Израел. Изразување антисемитски чувства - особено оние што поддржуваат насилство или терористички групи како што се Хамас, Хезболах и Хутите, ќе бидат основа за одбивање на барањата за имиграциски бенефиции.
  • Мерките ќе влијаат на тековните апликации за зелени карти и натурализација. Службениците добија инструкции повторно и подетално да ги проверат информациите за лицата преку обновениот систем за идентификација на ФБИ. 
  • „Одредени однесувања и изјави може да предизвикаат сериозна загриженост кај персоналот што го разгледува досието на апликантот, вклучително и застапување на терористички идеологии, изразување омраза кон американските вредности, застапување за насилно соборување на владата на САД или обезбедување материјална поддршка на терористички организации. Ваквите дејствија бараат подетално испитување“, соопшти Службата за државјанство и имиграција.
  • Активисти за граѓански права и религиозни лидери ја осудија мерката, тврдејќи дека ги прекршува правата на правична постапка и слобода на говор и создава небезбедна средина, особено за етничките малцинства.
  • „Трамп планира да ви го одземе легалниот престој во САД врз основа на тоа дали се согласува со вашиот говор. Од кога станаа антиамерикански критиките на постапки на странска влада? За кого се бори тој?“, реагираше сенаторот Крис Ван Холен.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тетовска школска журка

Балкански предбрачен договор

Стара српска равенка

Тркало, што толку те чекавме?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy