- Администрацијата на Трамп потрошила над половина милијарда долари на распоредувањето федерални трупи во градовите низ САД. До крајот на декември сумата била 496 милиони долари, според новите податоци од Канцеларијата за буџет на Конгресот.
- Во сумата се вклучени распоредувањата на трупи во Вашингтон, Чикаго, Мемфис, Портланд и Лос Анџелес, но не и во Њу Орлеанс во декември.
- Канцеларијата за буџет проценува дека распоредувањето на 1.000 припадници на Националната гарда во американски град во текот на оваа година би чинело од 18 до 21 милион долари месечно, во зависност од локалниот стандард.
- Според меморандум цитиран од Асошиетед прес, се очекува трупите на Националната гарда да останат распоредени во Вашингтон во текот на целата 2026 година.
- „Благодарение на успешните напори на администрацијата на Трамп за намалување на насилниот криминал, градовите како Мемфис и Вашингтон се многу побезбедни за жителите и посетителите, изјави портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.