- Стејт департментот ги повика сите службеници што не се на клучни позиции да ги напуштат амбасадите на САД на Блискиот Исток поради загриженост дека Израел планира наскоро да го нападне Иран.
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со месеци го притиска американскиот претседател Доналд Трамп да одобри напад врз иранските капацитети за развој на нуклеарно оружје. Израел тешко може самостојно да спроведе таква операција без логистичка поддршка од САД.
- Трамп се реши на индиректни преговори со Техеран, но вчера изјави дека „повеќе не е сигурен во успехот на дипломатскиот пристап“. Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф треба да одржи нова рунда разговори со ирански претставници в недела.
- Иранското државно и воено раководство наводно решило на израелски напад итно да возврати со стотици балистички проектили врз Израел, но и врз бази на САД.
- „Во случај на конфликт по евентуален неуспех на преговорите, САД ќе претрпат големи загуби. Америка ќе мора да се повлече од регионот, бидејќи сите нејзини воени бази се во наш дострел и ќе ги нападнеме без колебање“, предупреди иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех.
- Експерти тврдат дека Иран е на праг да произведе нуклеарен материјал за десетина атомски бомби. За да ги конструира ќе му бидат потребни уште неколку месеци.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.