- Стејт департментот на САД објави награда до 10 милиони долари за информација што би открила каде се наоѓа Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран.
- Награди се понудени и за информации за секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Али Лариџани, за министрите за внатрешни работи и за разузнавање, како и за неколкумина воени команданти.
- На оние што ќе ги поткажат иранските лидери, Стејт департментот им нуди и „релокација“.
- Откако пред две недели ја почнаа војната против Иран, американските и израелските сили го ликвидираа врховниот лидер Али Хамнеи и уште најмалку 40 функционери и воени лидери.
- Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, вчера изјави дека Моџтаба Хамнеи бил „ранет и обезличен“ при нападот на 28 февруари, во кој беа убиени неговиот татко, мајката, сопругата и еден син.
- САД понудија 50 милиони долари за информација за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Тој беше грабнат од резиденцијата во Каракас на 3 јануари. Не се знае дали некој зел пари од наградата.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.