- Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за купување иранска нафта на море во период од 30 дена, во обид да ја спушти цената на нафтата на светските пазари и да ја ублажи кризата со снабдување со енергија.
- Министерството за финансии објави специјална лиценца, со која до 19 април е дозволена продажба на иранска сурова нафта и деривати што веќе се натоварена на танкери на море.
- САД пред неколку дена ги укинаа и санкциите за продажба на руска нафта што веќе е натоварена на танкери.
- Министерот за енергетика Скот Бесент оцени дека со оваа мерка ќе бидат ослободени околу 140 милиони барели нафта на глобалниот пазар. Енергетски аналитичари сметат дека мерката нема да има значајно влијание за контрола на цените сè додека Ормускиот теснец не биде отворен за танкери и бродови.
- „Ако сме стигнале до точка на олабавување на санкциите врз земјата со која сме во војна, навистина ни снемуваат опции“, оцени Брент Ериксон, директор на „Обсидијан риск адвајзорс“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.