Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД кратат 9 милијарди за странска помош и јавни медиуми

17 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сенатот на САД го одобри барањето на претседателот Доналд Трамп за кратење 9 милијарди долари од федералното финансирање на странска помош и јавни медиуми. Законот беше усвоен со мнозинство од 51-48 гласа.
  • Речиси една половина од кратењата (4,15 милијарди) се за програми за поддршка на економиите и демократските процеси во земји во развој.
  • Ќе бидат скратени уште околу 4 милијарди за разни хуманитарни програми низ светот за обезбедување засолништа, храна, вода и санитарни услови за раселени лица поради војни или хуманитарни катастрофи. 
  • Се крати и 1,1 милијарда долари од Корпорацијата за јавна радиодифузија, што е еднакво на нејзиниот двегодишен буџет. Корпорацијата дистрибуираше 70% од средствата за поддршка на повеќе од 1.500 локални радија и телевизии, и 30% за Националното јавно радио (НПР) и Јавниот радоидифузен сервис (ПБС).
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Музеј на современи вазали

Македонштина
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Почина цајканот од сељаците

Музика
6

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
5

Важна информација за битолчани

6

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
7

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

8

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Против уроци од муштерии

Жените мажи од Албанија

Данокот на тоа секој ден да коментираш срања

Водно, извини

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy