Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД и Русија задоволни од првата рунда во Ријад

18 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД и Русија изразија задоволство од првата средба за крај на војната во Украина, која се одржа во Ријад, без присуство на Украина и на нејзините европски сојузници.
  • Не е лошо, не е лошо. Се согласивме дека ќе ги имаме предвид меѓусебните интереси и дека ќе ги развиваме билатералните односи, изјави Јуриј Ушаков, главниот советник на Владимир Путин за меѓународна политика. Ушаков додаде дека се разговарало и за условите за директна средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, но дека не е договорен датум.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека целта е да се обезбеди „чесен, траен и одржлив мир за Украина, прифатлив за сите вклучени страни“. Единствениот водач на светот што може да го направи тоа е претседателот Трамп, додаде Рубио.
  • Путин е спремен да разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски ако е потребно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но забележа дека е спорен „легитимитетот“ на Зеленски, поради тоа што му завршил мандатот.
  • Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и амбасадорот во ОН Василиј Небензја категорично се спротивставиле на учеството на Европа во идните мировни преговори, бидејќи европските земји се „агресивни“ кон Русија и се „неспособни“ да постигнат каков било договор со Москва.

 

 

извор

Артемис 2: Човекот отпатува најдалеку од Земјата досега

7 април 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА - Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен - вчера беа подлабоко во вселената од кој било човек досега. Заобиколувајќи ја Месечината, тие беа oддалечени 406.778 километри од Земјата.
  • Досегашниот рекорд (400.171 километар) го држеше екипажот на мисијата Аполо 13 од април 1970 година.
  • Во моментите на прелетување, НАСА емитуваше снимена порака од Џим Ловел - астронаутот од Аполо 13, кој почина лани на возраст од 97 години: „Ова е историски ден и знам колку ќе бидете зафатени, но не заборавајте да уживате во погледот... со среќа и со Божја помош.“
  • Летајќи 40 минути од скриената страна на Месечината, без радио-контакт со контролата на летот, астронаутите ја снимале површината и имале ретка можност да видат помрачување на Сонцето.
  • Капсулата Орион сега се движи кон Земјата. Во петок треба да навлезе во атмосферата со 40.230 километри на час, побрзо од кој било лет со човечки екипаж досега, и да се спушти во Пацификот.
  • Следната мисија Артемис 3 ќе тестира техники на спојување во ниска орбита, како подготовка за Артемис 4 во 2028 година, со прво спуштање на астронаути на Месечината по 1972 година. 
извор

Трамп: Луѓето во Иран сакаат да слушаат бомби...

6 април 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
  • Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
  • За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа. 
  • Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир. 
  • Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
2

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Балканштина
3

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

4

Го докопаа

Балканштина
5

Стан во кој нема да сте сами

Македонштина
6

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

7

Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија

8

Психопатијата си најде нов непријател

Мешано
1

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

2

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

3

Ни во вселената не се наоѓа добар водоводџија

4

Пентагон ги крие жртвите

Свет
5

Курдите го украле оружјето од САД за иранските демонстранти?

Свет
6

САД и Иран разговараат за 45-дневно примирје

7

Израел им се заканува на христијани да не кријат шиити

Свет
8

На Блискиот Исток да не си ништо, најмалку дете

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Весници кои не умираат

Монодрамата на Цеца

Во Радовиш веќе ништо нема да биде исто

За новинарството од кое новинар го фаќа срам

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy