САД го блокираа приемот на Палестина во ООН
-
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност за прифаќање на Палестина како членка на Обединетите нации. Велика Британија и Швајцарија беа воздржани а другите 12 членки на Советот за.
-
Американците ценат дека со предвремени потези не би се донела државност за Палестинците а наведоа дека и влијанието на Хамас во Газа била причина за нивната блокада.
-
Палестинскиот претседател рече дека американското вето е „нефер, неетичко и неоправдано“ а Израел изрази задоволство со порака дека „тероризмот не смее да биде наградуван“.