- Рускиот генерал Фанил Сарваров, началник на Дирекцијата за оперативна обука, изутринава бил убиен во бомбашки напад пред неговиот дом во Москва.
- Бомбата била поставена во неговиот автомобил и била активирана од далечина, неколку секунди откако возилото почнало да се движи на паркингот.
- Се спроведува истрага за сомневањата дека Сарваров бил жртва на атентат извршен од украинските разузнавачки служби.
- Пред една година во сличен напад беше убиен генералот Игор Кирилов, шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита. Атентатот го извршил Узбекистанец врбуван од украински служби. Генералот Јарослав Москалик во април беше убиен со бомба во неговиот автомобил во предградие на Москва.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.