- Оваа Нова година, Дедо Мраз нема да дојде кај малите нордистанци. Не затоа што тие биле лоши, не ги слушале родителите и попуштиле во училиште. Напротив, баш беа добри, воспитани, политички коректни, не само што ги слушаа родителите туку слушаа и политичари, хеликоптери, амбасадори, извештаи на ЕУ, новинари, сите неодговорени пратенички прашања, слушаа и турбофолк со мама и тато, а за попуштање во училиште воопшто и да не зборуваме, затоа што не само што правилно ги научија сите грешки во учебниците туку учеа и кога немаа учебници, па родителите малку попуштија со нервите, зашто мораа да ги учат децата она што самите на времето, кога имаше учебници, не го научиле. Дедо Мраз нема да доаѓа во Нордистан додека не влезе во Устав сосе ирваси, санка, пакетчиња и…
- Толку се начукав од сите ваши џингерлаки ставени на социјалните мрежи, што потоа морав да си подметнам дрога во стварноста за да ме врати во ненормала. Не сте нормални со еуфоријата, како да сте деца, а не возрасни луѓе со една нога во ЕУ, а бе како да влегувате во спејсшатл, а не во факинг 2024 година…
- Вие полудувате по кафеани и молови, како да ве држеле затворени во карантин… во Западен Балкан, зошто и јас да не полудам? Вие по кафеани, јас меѓу редови. И онака, од Македонци се ребрендиравме во лудаци за да влеземе во воена алијанса, па директно во војна, предигра за онаа третата… светска… која само што не почнала.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.