- Богдан Илиевски алиас Бетмен Велит прашал „Зошто?“, по интервју на новинарка од Нордистан со политичар од Јунонисган. Од Офф.нет отишле уште подалеку, поставиле слика од новинарката („Што требаше, да ја покриеме Лепа со онакво црно, како да е криминалец?“- Оффнет). И ЗНМ реагира. Бара кривичен прогон за Богдан и Трендо. Па секако дека ќе бара, и прогон и затвор, и каменување и клада, кога се знае дека ЗНМ е здружение на нежни маченици, кои мора да се обожуваат, а никако критикуваат. Тоа е бре ерес.
- Во протекторатов сите смеат да бидат на тапет, да се критикуваат, дури и лажни вести да се шират за нив, само нежните членови на ЗНМ не може да бидат изложени на критика или не дај Боже, да им се поставуваат прашања. А тука имаме, ем прашање, ем слика. Ужас!
- ЗНМ, ако забележавте, за „страшното злосторство“ на Богдан и Трендо ги известиле сите амбасадори во земјава, па ете и коалиција. Ова е веројатно повик да се врати амбасадорската грант-демократија, оти веќе не се живее под диктатурава на ВМРО-ДПМНЕ, а уште недојдени на власт.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.