- Многу одвратни луѓе ја газат земјава. Ќе ги посочам. Се сеќавате на оние што добиваа беснило кога почина малечката Тамара, кога се случија поплавата и трагедијата во Стајковци? Тие не бараа одговорност од властите, туку им посакуваа смрт. Сега, истите тие, добиваат хистерично беснило кон оние луѓе што бараат одговорност за трагедиите што ни се случуваат. Врескаат по нив да не политизираат.
- Додека сите плаќаат по 1.000 долари, Србија ќе го добива само за 270. А ние? Што ние правиме? Ние ќе добиеме датум, бе глуп.
- Нас ќе нè грее датумот. Тој датум ќе донесе струја и нема да има рестрикции. И ќе ни ги плаќа сметките. Датумот е огромен камин. Секој може да ги принесе кон него своите евроатлантски рачиња и датумот ќе му ја згрее душата. А кога на душата ѝ е топло, и телото се радува. Датумот е реактор, хидроцентрала, паричник полн светла иднина, салон за убавина и машина за перење на фантазија, датумот е алфа и омега, власт и опозиција, Боро и Рамиз, карма и каша. Датумот ќе те просветли со својата убавина, ќе те нахрани со својата дедомразовска вреќа полна европски вредности, затоа што датумот е фонд за иновации, шалтер за исполнување желби, Аладинова ламба во која живее духот на новата нормалност, вселенска станица во орбитата на прогресивната светлина и ако вакцината е нова религија, датумот е бог, на неговиот жртвеник мора да се заколе секој оној што различно размислува.
- Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
- Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
- Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
- „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.
- Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
- „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
- Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
- „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.