Република Северна Бежанија
28 април 2023
- Во последниве три до четири години, од вкупно 19 дејности, за кои Државниот завод за статистика води евиденција, во 13 има двоцифрено намалување на работната сила. Најмногу работници губеле земјоделството, услужните дејности, градежништвото, индустријата, но значителни падови се забележани и во енергетиката, администрацијата, здравството и во јавната управа.
- За само три години, работната сила во земјава останала покуса за над сто илјади работници.
- Пресвртните години се меѓу 2018 и 2021 година.