„Реплек АД“ ќе биде ексклузивен дистрибутер на британскиот бренд „HealthAid Limited UK“
21 март 2024
Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека деновиве неговата земја ќе ги прекине дипломатските односи со Израел заради нејзината бруталност во Газа.
Тој е гласен критичар на Нетанјаху и израелската политика и ја поддржуваше јужноафриканската иницијатива Израел да биде обвинет за геноцид од судот во Хаг.
„Не можеме да имаме дипломатски односи со влада и премиер кои се геноцидни“, порача Петро на првомајски собир во Богота.
Лани во октомври дипломатските односи со Израел ги прекина Боливија а неколку други земји од Латинска Америка (Чиле, Хондурас) ги повлекоа своите амбасадори од таму.